Ателјеа за возрасни и адолеценти 2023

Ateliers Adultes 2022

Ателјеа за возрасни и адолеценти 2023

Ателје за конверзација

Во пријатна атмосфера, која го поттикнува спонтаното изразување, ќе учествувате во дискусии на различни теми одбрани според вашиот интерес, а истите воедно ви овозможуваат да го подобрите усното изразување, да го збогатите вокабуларот и да го искажете мислењето.

Ателје за пишување CV и мотивациско писмо

Со помош на методологија чиј фокус е на вашиот професионален проект, овој модул ќе ви понуди средства за осмислување и пишување на вашето CV и мотивациско писмо, во зависност од намената.

Ателје „Запознај ја Франција“

2 часа неделно /сабота / од 11 до 13 ч.

Thématiques :

  • Француски филм

    Претставување на историјата на француската кинематографија и вовед во најзначајните француски класици.
    Гледање на филмски сцени од порано и сега.
    Гледање на сцени и разговор за филмови од различни региони во Франција. Зборување за овие култури и како тие се претставени во филмовите.

  • Од Едит Пјаф до Стромае

    Претставување на најголемите музички класици.
    Музиката според регионот и присуството на различни музички инструменти.
    Француската музика порано и сега.

  • Големите класици на француската книжевност

    Претставување на големите класици во француската литература. Читање и дискусија.
    Современа литература. Споредба на француската литература порано и сега.
    Вовед во театарот во Франција.
    Театарски игри.
    Опис на театарски сцени.
  • Француска уметност

    Претставување и дискусија за најпознатите уметнички дела.
    Претставување на графички и визуелни уметности.
    Фотографијата во секојдневието.