Конкурс за млади од Западен Балкан I Натпревар во изработка на постер

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Конкурс за млади од Западен Балкан I Натпревар во изработка на постер

Kраен рок за аплицирање : 25 мај 2025

#YouthVsFake

Натпреварот е отворен за млади до 30 години од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Учесниците треба да креираат оригинални постери преку кои го истражуваат влијанието на лажните вести и ја промовираат важноста на веродостојни и квалитетни информации


🔹 Која е целта на овој натпревар?

– Да се поттикне граѓанскиот активизам и медиумската писменост кај младите

– Да се прикажат социјалните, политичките и културните последици од постоењето на дезинформациите

– Да се промовира критичката мисла и креативното изразување преку визуелна комуникација


Во секоја земја ќе бидат наградени 3 учесници

– 1 награда : 600 €

– 2 награда: 300 €

– 3 награда : 100 €

Наградените постери ќе бидат прикажани онлајн како и на јавни изложби низ регионот, претставувајќи дел од пошироката кампања за медиумска писменост спроведена од Француската агенција за медиумски развој (CFI) и нејзините партнери.


🔹 Која е темата на постерот ?

Направениот постер претстаува креативно решение на темата дезинформации:

како се шират, кои се последиците од истите , или како можеме да им се справиме со нив.

Преку симболика, хумор, емоција – сите стилови и прецепции се добредојдени!


🔹 Како да се пријавиш ?

Испратете ја вашата кандидатура и постер на формуларот:

Обратете внимание на техничките напатствија и создадете оригинален постер.

Дозволена е само една пријава по лице.


🔹 За сите прашања во врска со конкурсот, обратете се на:

📧 balkanvoices@cfi.fr 

Приклучи се на #YouthVsFake и создај промена со твојата креативност!