
26 Мар Отворен е конкурсот за стипендии France Excellence за студии во Франција за 2025/2026 година за ниво мастер
Краен рок за пријавување : 31 мај 2025
Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер.

Како и секоја година, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје ви нудат можност да ги финансирате вашите студии на ниво мастер, преку програмата за стипендии France Excellence.
Стипендијата France Excellence ги покрива административните трошоци за упис на програма за државна диплома, на државните високообразовни установи, како и месечниот надомест за животни трошоци на корисникот.
Кандидатите за стипендија France Excellence треба самите да се информираат во високообразовната установа каде што аплицираат за мастер, за да проверат дали на административните трошоци за упис се додаваат и дополнителни трошоци за студиската програма. Овие дополнителни трошоци нема да бидат покриени со стипендијата France Excellence и тие трошоци остануваат на товар на самиот студент стипендист.
Статусот стипендист на француска влада ги нуди следниве предности:
– можност за сместување по поволна цена во студентските домови менаџирани од CROUS;
– здравствено осигурување за периодот додека не се пријавите во фондот за здравствено осигурување;
– дополнително здравствено осигурување; превоз до градот каде ќе ги следите студиите; културни активности по поволни цени.
Стипендистите се обврзуваат да ги следат студиите во Франција. Престои во други земји (во рамки на програмите за размена Еразмус+ или друга програма) не се дозволени за времетраењето на стипендијата.
Услови кои треба да ги исполнува кандидатот :
– да има македонско државјанство
– да биде на возраст до 30 години
Се препорачува познавање на француски јазик, ниво Б2. Приоритет ќе им биде даден на студиите на француски јазик.
Сепак, во исклучителен случај можат да бидат разгледани барања за специфични програми на англиски јазик на студенти кои имаат високи академски достигнувања и ќе покажат издржаност и оправданост на својот проект за студии во Франција и професионална кариера
– Некомплетните барања нема да бидат разгледувани.
– Целосната документација треба да биде на француски јазик, во еден примерок, доставена или пратена по пошта во предвидениот рок, до Одделот на Кампус Франс, на адресата подолу.
Една скенирана копија, во PDF формат, да се испрати на следната електронска адреса:
– Ниеден документ нема да биде прифатен после крајниот рок
(освен потврда за дефинитивен прием на Мастер)
За сите дополнителни информации, можете да се обратите во:
Одделот Кампус Франс во Францускиот институт во Скопје
ул. Св. Кирил и Методиј бр. 48, Поштански фах 388, 1000 Скопје
☎️ Тел: 02 / 3129 288
Лице за контакт : Г-ѓа Сузана ПЕШИЌ

Критериуми за селекција
Комисијата за доделување на стипендии ќе се раководи од повеќе критериуми, а особено од: досегашниот успех во студиите, мотивацијата на студентот, квалитетот, издржаноста и кохерентноста на планот за студии во Франција и професионалниот проект на студентот.
По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор во Францускиот институт во Скопје (со можност разговорот да се реализира онлајн).
Комисијата за доделување на стипендии ќе ги информира кандидатите за дефинитивната одлука во текот на месец јули 2025 година.
Комисијата за доделување на стипендии е суверена и нејзините одлуки се дефинитивни.