Отворен е конкурсот за стипендии на француската влада France Excellence за студии во Франција за 2024 / 2025

Concours Bourses2020

Отворен е конкурсот за стипендии на француската влада France Excellence за студии во Франција за 2024 / 2025

Краен рок за пријавување :  31 мај 2024

Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер.

Краен рок за пријавување : 31 мај 2024

  • Стипендијата ги покрива трошоците за уписнина на државен универзитет (3770 евра трошок за упис за студии на Мастер на државен универзитет), како и животните трошоци во Франција за една универзитетска година.

  • Кандидатот треба да провери дали на овие трошоци за уписнина, се додаваат и дополнителни трошоци за самата програма на студии на избраната високообразовна државна или приватна институција. Овие дополнителни трошоци не се покриени со стипеднијата France Excellence и остануваат на товар на стипендистот.

  • Статусот стипендист на француска влада ги нуди следниве предности: можност за сместување во студентски дом, здравствено осигурување, културни активности, различни услуги при пристигнувањето итн.

  • Стипендистите се обврзуваат да ги следат студиите во Франција. Престои во други земји (во рамки на програмите за размена Еразмус+ или друга програма) не се дозволени за времетраењето на стипендијата.

Услови кои треба да ги исполнува кандидатот :

  1.  да има македонско државјанство
  2.  да биде на возраст од максимум 30 години

Се препорачува познавање на француски јазик, ниво Б2. Приоритет  ќе им биде даден на студиите на француски јазик.

Сепак, во исклучителен случај можат да бидат разгледани барања за специфични програми на англиски јазик (на високите школи, специјализираните школи за технички науки итн), на студенти кои имаат високи академски достигнувања и ќе покажат издржаност и оправданост на својот проект за студии во Франција и професионална кариера.

Потребни документи за пријавување :
  • Фотокопија од документ за лична идентификација (пасош или лична   карта) *
  • Потврда дека кандидатот конкурирал на Мастер (кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или копија од остварена кореспонденција со францускиот универзитет. Стипендијата се активира после добивањето на официјален документ за прием);
  • Копија од последна диплома и уверение за положени испити (доколку оригиналите се на македонски или некој друг јазик, документите ќе треба да се достават со заверен  судски превод на француски јазик) ; 
  • Најмалку една препорака од професор ;
  • Писмо за мотивација во кое кандидатот  треба да ги изнесе своите видувања за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето, после враќањето  во земјата;
  • Потврда за познавање на француски јазик  (не е задолжителна, меѓутоа и дава дополнителна вредност на кандидатурата);
  • Биографија (Curriculum Vitae)
  • Една фотографија
    • Некомплетните барања нема да бидат разгледувани.

Критериуми за селекција :
  • Комисијата за доделување на стипендии ќе се раководи од повеќе критериуми, а особено од: досегашниот успех во студиите, мотивацијата на студентот, квалитетот, издржаноста и кохерентноста на планот за студии и професионалниот проект на студентот.

  • По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор во Францускиот институт во Скопје (со можност  разговорот да се реализира онлајн).

  • Комисијата за доделување на стипендии ќе ги информира кандидатите за дефинитивната одлука во текот на месец јули 2024 година.

  • Комисијата за доделување на стипендии е суверена и нејзините одлуки се дефинитивни.


Целосната документација треба да биде на француски јазик, во еден примерок, доставена или пратена по пошта во предвидениот рок до Одделот на Кампус Франс, на следната адреса:

Оддел на Кампус Франс во Францускиот институт

Ул. Св. Кирил и Методиј, бр.48 П. Фах 388, 1000 Скопје

Една скенирана копија, во PDF формат, да се испрати на следната електронска адреса: bourses@ifs.mk

  • Ниеден документ нема да биде прифатен по крајниот рок (освен потврда за дефинитивен прием на Мастер)

За сите дополнителни информации, можете да се обратите во Одделот на Кампус Франс во Францускиот институт :

Лице за контакт : Г-ѓа Сузана ПЕШИЌ, suzana.pesik@ifs.mk, Тел: 02 / 3129 288