Меѓународен ден на професорите по француски јазик 2026

Cover

Меѓународен ден на професорите по француски јазик 2026

18 ноември 2026 година, од 10:00 до 12:00 часот | Лабораториум, Скопје

Пријавете се преку формуларот најдоцна до вторник, 3.11.2026

Заедно играме, заедно создаваме!

По повод Меѓународниот ден на професорите по француски јазик, Францускиот институт во Скопје ги поканува професорите по француски јазик на интерактивна средба исполнета посветена на спортот, игрите и тимската работа.

Средбата ќе биде можност професорите да разменат идеи и искуства, да откријат нови пристапи во наставата и да се поврзат преку заеднички активности.

Програма:

  • Официјално отворањe
  • Тимски предизвик посветен на спортскиот вокабулар и осмислување јазични игри на темата.
  • Практични работилници со забавни активности кои поттикнуваат усно изразување, креативност и тимска работа во училниците.
  • Размена на искуства: можност за споделување идеи и примери од наставната практика со колегите.

Учеството е бесплатно со претходно пријавување на формуларот подеолу.

Важно: Бројот на места е ограничен. Пријавувањето ќе биде можно до пополнување на слободните места.

Пријавете се преку формуларот најдоцна до вторник, 3.11.2026 :

Дојдете да ги споделите своите идеи, да се инспирирате од искуствата на колегите и заедно да ја прославиме радоста од предавањето и учењето на францускиот јазик!

Погледнете како си поминавме минатата година