01 Апр КИНО СРЕДБИ I Марија (2024) I 06.05.2026 I Кинотека
Среда 6 мај 2026 | Кинотека I 20:00
mарија
(2024 103 мин. ) на Жесика Пало со Анамарија Вартоломеи, Мет Дилон, Џузепе Маџо
Синопсис
Марија е на прагот помеѓу светот на децата и возрасните кога блеснува на филмското платното во контроверзниот филм кој подоцна станува легендарен: „Последното танго во Париз”.
Станува светски позната но останува сама и неподготвена и за славата но и скандалот и за сиот товар што доаѓа со тоа она темно што доаѓа по неа.
Медиумите напишаа:
Низ очите на една режисерка, филмот го открива пеколот зад кулисите на снимањето и цената што ја плаќа славата. Овој животопис добива речиси документарна тежина во времето по #МиТу. Но тој е и нешто повеќе — моќен портрет на жена која беше понижена, потсетувајќи не на скршените судбини на Роми Шнајдер и Мерилин Монро. (Клоусер)
„Марија го поминала целиот свој живот борејќи се да ја раскаже вистината за она што навистина се случило за време на тоа снимањe, сама, наспрем општеството кое не било подготвено да ја слуша”, со изразена тага изјавува Анамарија Вартоломеи.
Таа ѝ оддава почит со тоа што ја отелотворува толку прецизно во овој суров и потресен филм.
(Ле Паризијен)
второ издание на „Кино средби”
во Кинотека
Второ издание на на месечните кино-средби во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематограија.
Уникатна можност за сите љубители на филмот, да откријат нови француски филмски ремек-дела !


