05 Јан Театарска претстава I „Носорози“ од Ежен Јонеско I 12.02.2026
Четврток 12 февруари | Албански театар – Скопје
Носорози
12.02.2026
Познатото театарско ремек-дело , „Носорози” од Ежен Јонеско е импресивна фабула за растот на тоталитарните идеологии и искушението на конформизмот.
Низ приказна која истовремено е бурлескна и трагична — односно постепената трансформација на жителите на еден град во носорози — Јонеско го поставува прашањето за отпорот на поединецот пред притисокот на толпата, кревкоста на критичката мисла и храброста да се остане човек во свет кој се урива.
Оваа нова изведба на Албанскиот театар од Скопје, режирана од Васил Василев (Бугарија), нуди современ приказ на овој значаен текст кој датира од минатиот век.
Верен на духот на делото, истовремено запловувајќи во длабоко актуелни прашања, режисерот ги спојува симболичната сила, уметничката посвест и универзалната рефлексија.
Со поддршка од Францускиот институт во Скопје, оваа продукција целосно се впишува во рамките на промоцијата на франкофонскиот репертоар.
Претставата ќе се игра на албански јазик, со превод на француски и македонски јазик, нудејќи ѝ на франкофонската публика и љубителите на францускиот јазик можност да го откријат Јонеско.

