
13 Мај Книжевна средба со Патрис Павис I „Ти си поезија“ I 22.05.2025
Четврток, 22.05.2025 I 19ч. I Француски институт во Скопје
Со консекутивен превод
патрис павис – еминентен професор со Богат творечки опус
Еминентинот професор Патрис Павис и театролог со светско реноме, ќе го претстави својот неверојатен творечки опус и академска кариера како предавач на три континенти и како автор на најчитаните и најпреведуваните речници за театарот и изведувачките уметности..
На крајот на својата универзитетска кариера, теоретичарот Павис ќе се „реориентира“ и ќе почне да пишува драмски пиеси и конечно ќе напише и роман проникнат од поезија, насловен „Ти си поезија” кој е преведен на македонски јазик.
Средбата со Павис, е збогатена со учеството на:
– г-ѓа Деспина Ангеловска, професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје, теоретичарка на театар и драма, авторка и преведувачка, и
– г. Владимир Мартиновски, професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, писател и поет.
Во рамките на средбата е и литературно читање на извадоци од делата на Павис од страна на студентите од Факултетот за драмски уметности и Филолошкиот факулет.
Оваа средба е во рамките на неговиот престој во Скопје, за време на кој, од 19 до 21 мај 2025 година, Павис ќе одржи театарски работилници со студентите од Факултетот за драмски уметности и студентите од Филолошкиот факултет.
Патрис Павис исто така ќе го добие звањето Онорис кауза , во знак на признание за неговото исклучително дејание, и истото ќе биде доделено од Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Кој е патрис павис?
Патрис Павис е писател и театролог од светско реноме.
Роден во 1947 година, зад себе има меѓународна универзитетска кариера која му овозможува да стане една од главните фигури во современите театарски студии.
Академска кариера
Професор на Универзитетот во Париз 3: Нова Сорбона, и на Универзитет Париз-VIII-Венсен-Сен Дени во текот на неколку децении (1976-2007), тој исто предавал на Универзитетот во Кент (2007-2016), како и на различни германски универзитети во Минхен, Бохум, Мајнц, но и на Националниот универзитет за уметности во Кореја во Сеул.
признанија
Неговиот исклучителен придонес во академскиот свет, му донел признанија за почесен член на Универзитетот во Лондон и Онорис кауза на универзитетите во Братислава и Софија.
Тој исто така е и лауреат на Фондацијата Хумболт (1985, 2007).
Издаваштво
Auteur prolifique,
Aвтор со низа дела зад себе како: „Речник на театарот”, „Анализа на претставите”, „Современата режија” и „Современиот театар”.
Неговите дела освен што се меѓу најпреведуваните, претставуваат и авторитет во областа на меѓународните театарски студии.
театарска практика
Покрај неговото искуство како теоретичар, Патрис Павис и режирал бројни театарски работилници и претстави низ светот, особено во Германија, Австралија, Шпанија, Словачка, Финска, Чиле, Аргентина и Кореја.