24 Дек Улична уметност и француски јазик: „Учи и создавај поинаку“ во Тетово | 26.02-02.03
Од понеделник, 26 февруари до сабота, 2 март 2024 | Центарот за Балканска Соработка „ЛОЈА“, Тетово
Циркуска уметност и француски јазик во рамките на проектот „Учи и создавај поинаку“ со: Мари Меркадал и „Cirque Oblique“
Регионалниот проект “Учи и создавај поинаку”, поддржан од француското Министерство за надворешни работи, нуди иновативен пристап кој и овозможува на публиката да ги открие француските уметници и да дознае за нивната уметност преку францускиот јазик.
Центарот за Балканска Соработка „ЛОЈА“ во Тетово и Француската Алијанса во Тетово, партнери во овој проект, се домаќини на третата и последната етапа од истиот, на тема циркуски уметности, проследена со доаѓањето на артистката Мари Меркадал која ќе престојува во Тетово од 26 февруари до 2 март при што ќе одржи обука за професорите по француски како и работилници за нивните ученици.
Притоа, Меркадал има во план и создавање спектакл со десетина ученици кој ќе го прикаже на крај од престојот.