Гала филмска вечер „Изгубени илузии“ | 16.12.2022

Pozadina Llusionsperdues2

Гала филмска вечер „Изгубени илузии“ | 16.12.2022

Премиера – Петок 16 декември 2022 | 20 часот | Кино Милениум

ИЗГУБЕНИ ИЛУЗИИ

на Гзавие Џаноли (2021) со Бенжамен Воазен, Сесил де Франс, Венсан Лакост

Екранизација на славниот роман на Оноре де Балзак

Со поддршка на Зегин и на Публицис

Овој прекрасен филм на Гзавие Џаноли доби 7 Цезари за 2022 од кои и Цезар за најдобар филм 

Ве молиме да резервирате бесплатни билети во Францускиот институт во Скопје на следната мејл адреса: culture@ifs.mk

Со превод на македонски јазик

*

Лисјен е млад непознат поет во Франција, во 19-тиот век. Тој има големи амбиции и сака ја осигури својата иднина. Ја напушта семејната печатница во малиот град и заминува во Париз за да си ја проба среќата со помош на една штитеничка. Многу брзо ќе влета во турбулентни слуичувања кога ќе ги открие задкулисните игри на лажниот свет и на профитот. Сведок е на една човечка комедија во која сè е на продажба и сè може да се купи, од книжевноста до медиумите, од политиката до чувствата, од реномето до душата. Ќе љуби, ќе страда, но ќе ги следи своите соништа.

*

Критики:

„Приказ на темната страна на балзаковата фреска, но и на потеклото на денешните капиталистички општества.“ Телерама

„Колку верен на оригиналното дело, толку свој и современ.“ Л’Обс

„Гзавие Џаноли одлично одговара на предизвикот: да го исчисти правот од Oноре без младешки претерувања, но и да го прилагоди Балзак на филм без да му ја продаде душата.“ Пари-Мач

*

Предвидена е и професионална средба со македонските синеасти на тема копродукција. Средбата ќе се одржи како придружна програма на филмската вечер, а се реализира со учество на г-дин Жилијен Езано, Директор за меѓународни односи во Националниот филмски центар (треба да се потврди).

Со поддршка на Националната агенција за филм.