„Согорување“ и „Случки во животот“ на Фестивалот на нем и класичен филм | 5.09 & 6.09.2022

Site Festival Films Classiques

„Согорување“ и „Случки во животот“ на Фестивалот на нем и класичен филм | 5.09 & 6.09.2022

Фестивал на класичен и нем филм

Од среда 31 август до среда 7 септември 2022 | Кинотека на Северна Македонија

Францускиот институт во Скопје ќе земе учество во овој фестивал, во организација на Кинотеката на Северна Македонија, со проекција на два значајни француски филма.

Понеделник 5 септември 2022, 20 часот

„СОГОРУВАЊЕ“

на Луј Мал (1963), со Морис Роне и Лена Скерла

Ален Лероа, по третманот за одвикнување во Версај, чувствува длабоко отуѓување од животот, во којшто не живее повеќе ниедно од дотогашните задоволства. По авантурата со Лидија, пријателка на неговата сопруга Дороти, која го напуштила, тој решава да стави крај на својот живот. Но, пред тоа, сака да се види со поранешните пријатели, кои му биле соучесници во патот кон амбисот.

Вторник 6 септември 2022, 18 часот

„СЛУЧКИ ВО ЖИВОТОТ“

на Клод Соте (1970) со Роми Шнајдер, Мишел Пиколи и Леа Масари

Пјер, четириесетгодишен архитект, е жртва во сообраќајна несреќа. Исфрлен од возилото, тој лежи во бессознание на тревата покрај патот, присетувајќи се на минатото, на животот со младата Елен, којашто сакаше да ја напушти, потоа на сопругата Катрин, на синот…

.