29 Јун Поетска средба со Жан Понсе во рамки на Струшките вечери на поезијата | 30.08.2022
Вторник 30 август 2022, 17:00 ч. | Француски институт во Скопје
Книжевна средба со францускиот поет Жак Понсе
Жан Понсе најпрвин ќе земе учество на фестивалот Струшки вечери на поезијата, а потоа во Францускиот институт ќе анимира средба со читателите на која ќе проговори за неговото книжевно дело.
Учество на Струшките вечери на поезијата со гостувањето на поетот Жан Понсе
Од среда 24 до понеделник 29 август 2022 | Хотел „Дрим“ Струга
Жан Понсе, на почетокот на својата кариера, работел како професор по англиски јазик, а потоа работел и како дипломат на различни позиции во областа на културата во Европа, Азија и Океанија.
Тој бил соработник на ревијата Sud во 1988 година, а како член на нејзиниот уредувачки одбор работел од 1993 до 1997 година, кога ревијата престана да се објавува.
Во 1998 година, заедно со поетите Ив Брусар, Жан-Макс Тиксие и Андре Игето, го основал списанието Autre Sud; тој беше член на редакцискиот одбор до прекин на списанието во 2009 година.
Како поет и лингвист, има објавено неколку збирки поезија, а некои од нив се преведени на англиски, арапски, кинески, хрватски, шпански, романски или италијански јазик. Тој има препеано многу романски поети на француски јазик.
Како преносител на култури, Понсе ја пишува најзначајната антологија на француски јазик посветена на Лусијан Блага, која ќе му донесе повеќе книжевни награди во Романија, вклучувајќи ја и наградата Лусијан Блага за неговиот севкупен труд на романската поезија.
Во 2016 година, тој започна со објавување на комплетните поетски дела на Лусијан Блага на двата јазика.