Ноќ на идеите: „Што по пандемијата?“ | 18.02.2022

Nuitdesidees2022

Ноќ на идеите: „Што по пандемијата?“ | 18.02.2022

Петок 18 февруари 2022 година, 19:00 часот | Europe House

Линк за следење на настанот: https://us02web.zoom.us/j/85440691308

Како и секоја година, Ноќта на идеите и годинава има за цел размена на идеи помеѓу интелектуалците од различни земји, култури и генерации.

Седмото издание на меѓународната манифестација Ноќ на идеите има за тема живот по пандемијата, а целта е дебата да се обмислат отпорноста и обновата на општетствата соочени со комплексни предизвициво време на пандемија, потоа да се поттикне солидарноста и соработката меѓу поединците, групите и државите, како и мобилизацијата на граѓанските општества и надминување на предизвиците.

Францускиот институт во Скопје му се приклучува на овој голем настан поканувајќи тројца интелектуалци кои ќе дадат свои видувања на неколку прашања.

Кои поуки може да се извлечат од големата пандемија што го погоди светот?

Каква визија можеме за да имаме денес за иднината?

Како да се реобмисли животот по овие долгите периоди на затворање?

Учество ќе земат:

  • г-дин Пјер Касу-Ногуес, француски филозоф, професор на Универзитетот Париз 8 и автор на повеќе дела,
  • проф. д-р Ана Димишковска, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и
  • проф. д-р Емилија Јаневиќ, професор на  Факултет за медицински науки во Штип.

Дебатата е со симултан превод.

Photo : Milan Strezovski



Куса биографија за Пјер Касу-Ногес:

Пјер Касу-Ногес е француски филозоф и автор на повеќе дела во кои се преплетуваат филозофијата, книжевноста и науката. Роден е во Тунис во 1971 година.


Од 2001 до 2011 год., тој работи како одговорно лице на Центарот за научни истражувања на Франција (CNRS), а од 2011 год. наваму работи како професор на Универзитетот Париз-VIII.

Генерално, неговите истражувања се насочени кон односот помеѓу разумот, којшто го создава размислувањето и којшто доаѓа до израз во науката и филозофијата, и имагинарното, коешто доаѓа до израз во книжевноста.

Пјер Касу-Ногес ја поддржува тезата дека секоја концептуализација на разумот во науката, како што е филозофијата, се поткрепува на имагинарни сцени, кои подоцна можат да бидат избришани. Во неговите текстови, тој и’ отстапува место на играта на фикцијата во внатрешноста на концептуелната размисла, за да му даде нова форма на филозофскиот текст

Според Касу-Ногес, врз филозофската активност постојано делува фикцијата, токму затоа и неговите описи во книгите речеси и не се разликуваат од оние не еден романсиер, т.е. филозофот работи на фикции, воедно поаѓајќи од нив, а токму тие го одредуваат просторот на можностите и оној на размислувањето. (Ле Монд)

Неговите истражувања се насочени во следните домени:

– Филозофијата во Франција во 20-тиот век ;
– Историјата на логиката и на филозофијата на логиката на математичарот Гедел ;
– Сликата на машината во науката и во книжевноста ;
– Филозофијата и научната фикција.

Листа на издадени дела : 

  • За математичкото искуство. Есеј за филозофијата на науките на Жан Кавајес, 2001
  • Гедел, 2003
  • Историја на машините, вампирите и лудите, 2007
  • Демоните на Гедел. Логика и лудило, 2007
  • Зимата на Фелтрамови, 2009
  • Градот на две светлини. Замислена географија, 2009
  • Границата на искуството. Есеј за космологијата, 2010
  • Јас и мојот зомби. Филозофијата како фикција, 2010
  • Читање на мозокот. Невронаучна фикција, 2012
  • Мелодијата на тик-так: и други добри причини за губење време, 2013
  • Сајбер сништата на Норбер Виенер, 2014
  • Метафизика на еден морски брег, 2016
  • Филозофска лабораторија, 2017
  • Технофикции, 2019
  • Вирусленд, 2020
LOGO_NDI2022-reconstruire-ensemble-RVB (1)