07 Мар Емисијата „7 дена на планетата“ | Секој петок, МТВ, 12:30 часот
Во соработка со Македонската Радио Телевизија, Францускиот институт во Скопје и ТВ5 МОНД, емисијата “7 дена на планетата“ се емитува на МТВ, секој петок со почеток од 12ч30.
Неделен магазин за актуелни теми кои ги опфаќаат најважните настани на седмицата, емисијата “7 дена на планетата“ овозможува учење на францускиот јазик преку информирање за новостите во светот и истата ќе биде емитувана со превод на македонски јазик.
Одредени делови од емисијата се дидактизирани според нивоата на Европската референтна рамка за јазиците и придружени со многубројни педагошки ресурси за професорите по француски јазик и учениците, достапни на сајтот на ТВ5 МОНД : http://www.tv5monde.com/