16 Апр 50 години Француски институт | Дигитална изложба „Пјаф!“ | 07.06.2024
Oд петок 7 јуни 2024 | Ист Гејт Мол / Француски институт во Скопје
Втора дигитална изложба во рамки на прославата на 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје, во соработка со Ист Гејт Мол
„Пјаф!“
Намќорести, нервозни или романтични – парижаните и Париз се претставени на хумористичен начин. Errratum и Мајson Tangible канат уметници од различни средини низ хумор да ги прикажат клишеата за парижаните. Оттука, ќе видите хипстер чавка, патки во аквапаркот или ластовичка којашто пие кафе на тераса…
Врз основа на иновативен и едноставен пристап за посетителот, изложбата ја води публиката низ колоритен и волшебен графички пејзаж, којшто е подеднакво интересен и за мали и за големи. Секое дело „оживува“ низ зголемена реалност преку апликацијата на Маison Tangible, која е бесплатна за преземање преку мобилен уред.
Дојдете за да откриете оваа изложба којашто ќе биде претставена во два дела: 10 дела во Ист гејт Мол и 5 дела во излогот на Францускиот институт во Скопје.
Изложбата ќе биде отворена до 21 јуни 2024.