50 години Француски институт | Дигитална изложба « Livelyyy » | 18.05.2024

Pozadina Livelyyy 2024

50 години Француски институт | Дигитална изложба « Livelyyy » | 18.05.2024

Сабота 18 мај 2024, 12 часот | Централен влез на Ист Гејт мол

Во склоп на прославата за 50-годишнината, Францускиот институт во Скопје, во партнерство со Ист Гејт Мол, нуди циклус од три иновативни изложби отворени за јавноста.

За прв пат во Скопје, на фасадата на Ист Гејт Мол, погледнете ја изложбата:

« Livelyyy » на Гијомит, во продукција на Elektroni[k]

Со креациите и неверојатно колоритен геометриски универзум, уметникот Гијомит ги отстранува границите меѓу цртежот, анимацијата и видео игрите и опфаќа современи теми преку хумор и апсурд во своите дела. Воедно, мотивот на ова ново дело, во форма на монументален мурал, е нашиот однос кон животната средина и, воопшто, кон живиот свет.

Учеството на публиката и интеракцијата е главниот елемент во уметничкиот пристап на Гијомит. Во ова дело, интерактивноста се содржи во забавна видео игра низ зголемена реалност, која фрла сосем поинакво светло врз самиот мурал.

Оттука, анимацијата во зголемена реалност ја претвора рамната површина на муралот во огромен 3Д универзум, во кој царуваат мноштво животни, инсекти и микроби – дел од нашиот кревок екосистем.

Така, благодарение на зголемената реалност и вашите мобилни телефони, кои ќе ги претворите во микроскоп, ќе откриете едно неверојатно богатство содржано во ова дело. Налик на градинар, посетителите ќе треба да се погрижат за живиот свет преку неверојатна видео-забавна игра.

Изложбата е отворена до 1 јуни 2024.

M21 Livelyyy Guillaumit St Anne Gwendal Le Flem 1600x700 1