13 Јун Регионален летен универзитет во Струга, 25. издание | 24 јуни- 28 јуни
Оваа година, Францускиот институт во Скопје го организира 25. издание на Летниот регионален универзитет во Струга којшто претставува една прекрасна традиционална средба и значајна обука на професорите по француски јазик.
Главни цели на обуката, којашто е отворена за професорите од земјите во поширокиот регион (Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Словенија, Турција, Романија и Унгарија), се: истакнување на видливоста на францускиот јазик, зајакнување на неговото место во образовните системи на земјите на учесниците, создавање на вистинска кохезија меѓу учесниците, како и остварување богати меѓусебни размени на професионални искуства меѓу професорите по француски и професорите кои предаваат нејазични дисциплини на француски јазик од Југоисточна Европа.
За да се информирате повеќе околу програмата на обуката и предлог модулите,
Бидете во тек со сите новосити преку #UniDEte2024