05 Јул 2020, година на книгата
Денес, повеќе од кога било, книгата може да нè зближи и да отвори нови хоризонти!
Францускиот институт во Скопје 2020-та година и’ ја посвети на книгата, а Франција беше земја во фокусот на Саемот на книгата во Скопје.
Поради епидемијата на коронавирусот, промоциите на преводите од француски автори на македонски и на албански јазик, за жал, беа откажани.
Сепак, сите наслови ви се на располагање кај издавачите, кои се партнери на Институтот во овој книжевен франкофонски проект.
Во издание „Или-или“
„Едно лето со Бодлер“ од Антоан Компањон (превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска)
„Едно лето со Монтењ“ од Антоан Компањон (превод на Зоран Јовановски)
„Однадвор и однатре“ на Никола Бувие (превод на македонски јазик од студентите на Катедрата за француски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, под водство на професорката Ирина Бабамова ; превод на албански јазик Бујар Синани)
Во издание на „Артконект“
„За што служи литературата?“ на Антоан Компањон (превод на Елисавета Поповска)
Во издание на „Три“
„Скршнувања“, збирка хроники на Емануел Рембер (превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска и Зоран Јованосвки), издадена од „Три“ со поддршка на Министеството за култура на РСМ
Наскоро во издание на „Артконект“:
„Вернон Сибитекс“ од Виржини Депант (превод на Филип Илиев)
Наскоро во издание на „Три“:
„Богородична цркво во Париз, о кралице на болката“ од Силвен Тесон (превод Владимир Мартиновски)