
21 Авг Често поставувани прашања за курсевите по француски јазик

Често поставувани прашања за курсевите по француски јазик во францускиот институт во скопје
📝 Како да се запишам на курсевите по француски?
Запишувањето се врши директно во Францускиот институт во Скопје или онлајн преку :
*** По извршениот пред-упис, уписот е валиден по извршено плаќање на најмалку една рата која одговара на одбраниот тип на курс.
Препорачуваме да се запишете пред почеток на секоја сесија за да си обезбедите место.
📅 Кога започнуваат сесиите?
Институтот организира повеќе сесии годишно: обично во септември, ноември, февруари и април
Точните датуми се објавуваат на нашата веб-страница и на нашите социјални мрежи.
🧠 Дали треба да полагам тест за ниво?
Да, доколку веќе имате познавање од францускиот јазик, потребно е да полагате тест за утврдување на ниво за да бидете сместени во соодветна група.
Целосните почетници не треба да полагаат тест.
Какви видови курсеви нудите?
• Курсеви за деца, тинејџери и возрасни.
• Интензивни, екстензивни, разговорни курсеви и подготовка за испитите DELF/DALF.
• Индивидуални часови достапни по барање.
💶 Кои се цените?
• Цените се разликуваат во зависност од видот и времетраењето на курсот.
• Понекогаш се нудат попусти за студенти, семејства или за рана регистрација.
📍 Каде се одржуваат часовите?
• Часовите се одржуваат во просториите на мултимедијалниот едукативен центар на Францускиот институт во Скопје, лоцирани во центарот на градот, ул. Максим Горки бр. 18 (3-ти кат), спроти Амбасадата на Швајцарија.
• Некои курсеви може да се одржуваат онлајн, според барањето.
🎓 Дали добивам сертификат?
• Да, на барање, се издава сертификат за завршена сесија на сите учесници кои редовно го следеле курсот.
• За официјални сертификати, Институтот е акредитиран испитен центар за DELF/DALF.
📞 Кого да контактирам за повеќе информации?
• Можете да не контактирате на телефонскиот број +389 2 3118 503 или да ни испратите е-пошта на следната адреса: cours@ifs.mk.