19 Авг Форум: MakeCoProDox во рамките на фестивалот „Македокс“
Од четврток 20 до четврток 27 август 2026 | Куршумли ан
*Форумот MakeCoProDox ќе се одржи од 25 до 27 август 2026 година во Скопје, во рамки на 17. издание на Фестивалот на креативен документарен филм MakeDox.

Mакедокс 2026
Од четврток 20 до четврток 27 август 2026 | Куршумли ан
По овој повод, Фестивалот организира форум кој ќе понуди средби и работилници со француски продуценти и оператори од регионот, со цел да се промовира договорот за копродукција помеѓу Франција и Северна Македонија.
Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје сакаат, и оваа година, да ги поддржат француските копродукции, како и проектите на професионалците од регионот, во рамки на Форумот MakeCoProDox.
Оваа поддршка се надоврзува на одличната соработка развивана низ годините со Фестивалот Makedox, соработка која сакаме да ја зајакнеме во 2026 година.
Француски продуценти ќе учествуваат на сесиите за претставување проекти, менторство и вмрежување со автори од регионот.
Форумот е организиран и поддржан од: Mакедокс, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Амбасадата на Франција во Скопје (Францускиот институт во Скопје) – Фондовите „Екип Франс“ на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Documentary Association of Europe, мрежата на фестивали Doc Around Europe, Cinéphage Productions, Creative Europe Desk MK, Словенечкиот филмски центар, Скопје Хотел Мериот, EURODOC и Албанскиот национален театар Скопје.
На тој начин, Makedox станува привилегирана платформа за регионален дијалог, активно поддржана од француската културна мрежа.


