„Фокус Франција“ на форумот MakeCoProDox

18

„Фокус Франција“ на форумот MakeCoProDox

во рамките на 15 издание на фестивалот „Македокс“
Од понеделник 19 до среда 21 август 2024 I Куршумли ан

438089372 989991102693916 2353528647324775183 N

Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм „Македокс“ е значаен културен настан во август и згора на тоа го прославува своето 15-то издание.

Во ова издание, фестивалот го поставува фокусот на Франција, предлагајќи средби и работилници со француски продуценти и филмски работници од регионот, со цел да се промовира договорот за копродукција помеѓу Франција и Северна Македонија.

Овој форум ќе се одржи во рамките на проектот „Копродукција помеѓу Франција и Западен Балкан: структурирање, поддршка и промоција на филмското творештво”, кој има за цел да го промовира договорот за копродукции помеѓу Франција и Северна Македонија, како и да ја обнови аудиовизуелната соработка помеѓу двете земји.