Трето издание на јазичен, културен и спортски престој Генерација LabelFrancEducation во Виши, Франција

Labelfranceeducatuonvichy 1100x413

Трето издание на јазичен, културен и спортски престој Генерација LabelFrancEducation во Виши, Франција

За ученици од франкофонските билингвални парлелки во средни училишта кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната настава, LabelFrancEducation

Француското Министерство за Европа и надворешни работи нуди јазичен, културен и спортски престој, организиран од Центарот за јазици и медиуми Centre d’approches vivantes des langues et des médias (CAVILAM) од 6 до 21 јули 2024, во Виши, Франција, за ученици од франкофонските билингвални паралелки во средните училишта кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната настава, LabelFrancEducation.

На овој престој ќе учествуваат 55 млади од различни земји.

Двајца ученици франкофони од Северна Македонија (препорачано ниво на француски јазик Б1), на возраст од 16 до 18 години, ќе бидат избрани помеѓу кандидатите кои ќе се пријават.

Правила на учество:

1.Направете кратко видео  (максимум 2 минути)

За да се пријави, кандидатот треба да направи кратко видео кое ќе одговори на следниве прашања:  

  • Зошто одбравте да се запишете во франкофонска билингвална паралелка ?
  • Кои се предностите за еден ученик во франкофонска билингвална паралелка?
  • Зошто сакате да учествувате на оваа средба на ученици од средни училишта кои го имаат добиено брендот LabelFrancEducation?

2. Испратете биографија (CV)

Видеото треба задолжително да биде испратено со биграфија CV (1 страна) во прилог.

Јасно прецизирајте го името на вашето училиште, вашата дата на раѓање и во која година средно училиште сте запишани во моментот.


Двата документи на француски јазик треба да бидат испратени преку https://wetransfer.com на електронската адреса education@ifs.mk најдоцна до 10 март 2024.



Трошоците за превоз, обуката, превозот од Париз до Виши, храна и сместување ќе бидат покриени од страна на Министерството за Европа и надворешни работи и Францускиот институт во Скопје.
Image 1