Отворен повик за колажи I Kраен рок за испраќање: 7 јули

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Отворен повик за колажи I Kраен рок за испраќање: 7 јули

1, 2 3 СЕЦКАЈ!

Францускиот институт и Скопје колаж колектив организираат конкурс за изработка на колажи. Одбраните дела ќе бидат изложени во излогот на Францускиот институт во Скопје во текот на летото.

📍Што треба да направите за да се пријавите ?

1. Одберете која било од четирите архивски фотографии од Франција. Искористете кое било делче од одбраните фотографии за да направите колаж.

2. Фотографијата може да ја најдете и симнете на веб-страниците на Скопје колаж колектив и на :

3. Штом завршите со колажот, испратете го на skopjecollagecollectivescc@gmail.com  и culture@ifs.mk

📍Важни информации:

Рокот за испраќање е до 07 јули!

Секој колажист може да испрати најмногу две дела

Секој може да учествува, без разлика дали имате една или сто и една година или дали сте искусни колажисти или почетници.

Дозволени се и аналогни и дигитални колажи.

📍Важни напомена:

1. Доколку направите аналоген колаж, не го фотографирајте, туку скенирајте го и испратете го како јпг.

2. Сите дела кои шират навредлива содржина или говор на омраза не ќе бидат земени предвид при изборот на дела за престојната изложба.

Повеќе информации за изложбата наскоро….