Ноќ на идеите во Скопје | 7.02.2020

Vignette Web A4

Ноќ на идеите во Скопје | 7.02.2020

Петок 7 февруари 2020, 18:00 ч. | Europe House Skopje – Делегација на ЕУ

Предавање / Дебата на идеи

„Последиците од климатските промени врз човекот и животната средина“

Ноќ на идеите во Скопје е традиционална манифестација, која се организира од француското Министерство за надворешни работи и мрежата на Француски институти ширум светот, а годинава истата ќе им биде посветена на климатските промени и нејзините последици врз животот на луѓето и биодиверзитетот.

Учесници :

  • Г-дин Рош Домерего, специјалист за апитерапија и автор на бројни дела, со излагање на тема:
    „Пчелите, чувари на живиот свет“ 

  • Проф. д-р Силвана Манасиевска Симиќ, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на тема: „Влијание на климатските промени врз биодиверзитетот и земјоделството“

  • Проф. д-р Татјана Миткова, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на тема: „Климатски промени – која е улогата на почвата?“

Модератор: г-дин Емануел Рембер, Директор на Францускиот институт во Скопје

Со симултан превод

Дојдете, ќе размениме мислења на оваа актуелна тема!

Со симултан превод.