21 Јан Ноќ на идеите во Скопје | 7.02.2020
Петок 7 февруари 2020, 18:00 ч. | Europe House Skopje – Делегација на ЕУ
Предавање / Дебата на идеи
„Последиците од климатските промени врз човекот и животната средина“
Ноќ на идеите во Скопје е традиционална манифестација, која се организира од француското Министерство за надворешни работи и мрежата на Француски институти ширум светот, а годинава истата ќе им биде посветена на климатските промени и нејзините последици врз животот на луѓето и биодиверзитетот.
Учесници :
- Г-дин Рош Домерего, специјалист за апитерапија и автор на бројни дела, со излагање на тема:
„Пчелите, чувари на живиот свет“ - Проф. д-р Силвана Манасиевска Симиќ, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на тема: „Влијание на климатските промени врз биодиверзитетот и земјоделството“
- Проф. д-р Татјана Миткова, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на тема: „Климатски промени – која е улогата на почвата?“
Модератор: г-дин Емануел Рембер, Директор на Францускиот институт во Скопје
Со симултан превод
Дојдете, ќе размениме мислења на оваа актуелна тема!
Со симултан превод.