
02 Јун Недела на франкофонски филм I 23.06 – 30.06.2025
Од 23 до 30 јуни 2025 | 20 ч. / 18ч. | Кинотека на Северна Македонија
Во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Франкофонијата. Официјален партнер на Неделата на франкофонски филм е Зегин.
Отворање
Понеделник, 23 јуни I 20 ч.
„Ривиера“
(2024, 1h 24m)
од Орфеас Перецис, со Ева Самиоти, Михалис Сириопулос, Марија Апостолакеа, Костас Коронаиос, Мирто Меитани-Кастринаки
За оваа проекција, влезот е слободен
Синопсис:
Една свената палма, една осудена романса и мајка која сака да продолжи напред.
Ова лето ќе биде последно лето за Алкистис на атинската ривиера.
Награда од жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари (FIPRESCI), Награда „ФОС” (Најдобра дебитантка во грчки долгометражен филм) за Ева Самиоти и Мирто Меитани-Кастринаки, Награда на грчката радиодифузија (ERT)
Во организација на Амбасадата на Грција
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН ЗА ФИЛМОТ НА ОТВОРАЊЕ
Вторник, 24 јуни I 20 ч.
„Странецот“
(2012, 1h 40m)
Од Ники Илиев, со Љубомир Ковачев, Сања Борисова, Ники Илиев, Кристофер Ламбер
Synopsis:
За време на мисија во Бугарија, младиот Французин по име Жерар кратко се запознава со темпераментната Магдалена, која живее на село.
Маѓепсан и вљубен, Жерар решава да ја пронајде и покрај јазичната бариера и културните разлики.
Оваа потрага го води низ серија комични ситуации и недоразбирања….
Во организација на Амбасадата на Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар
Среда, 25 јуни I 20 ч.
„Судењето на кучето“
(2024, 1h 23m)
Од Летиција Дош, со Летиција Дош, Франсоа Дамиен, Ан Дорвал
Synopsis:
Аврил, адвокатка со голем број изгубени случаи, си дава ветување дека следниот случај ќе го добие!
Се појавува Дариуш, клиент очаен колку и неговиот случај, и ја моли Аврил да го брани неговиот верен придружник Космос.
Така започнува судење кое е подеднакво неочекувано и бурно: судењето на кучето.
Награда за најдобро сценарио, доделена на Летиција Дош на Фестивалот на франкофонски филм во Ангулем 2024, Награда Palm Dog на Филмскиот фестивал во Кан 2024, номиниран за наградата Un Certain Regard на Филмскиот фестивал во Кан 2024
Во организација на Амбасадата на Швајцарија
Четврток, 26 јуни I 20 ч.
„Новата година што никогаш не дојде”
(2024, 2h 18m. )
Од Богдан Мурешану, со Михаи Калин, Николета Ханку, Емилија Добрин
Синопсис:
Шест меѓусебно поврзани приказни кои ја прикажуваат Романија кога револуцијата од 1989 година почнува да се наѕира.
Добитник на наградата Orizzonti за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Венеција 2024, Добитник на Сребрен атлас за најдобра режија на Меѓународниот филмски фестивал во Арас 2024, номиниран за наградата FIPRESCI за европско откритие.
Organisée par l’Ambassade de Roumanie
Петок, 27 јуни I 18 ч.
„Убиј ги прво децата“
(2024, 1h 46m. )
на Димитар Оровчанец, со Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски
Синопсис:
„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.
Прикажан на Филмскиот фестивал во Котбус, Германија во ноември 2024.
Во организација на Кинотека на Северна Македонија
Петок I 27 јуни I 20h00
„Слогани“
на Ѓерѓ Џувани, со Артур Горишти, Луиза Џувани, Агим Ќирјаќи, Бирче Хаско, Нико Канџери, Роберт Ндреника, Рита Лати
Синопсис:
Инспириран од вистинита приказна, дејствата се одвиваат во албанско село од 1980-тите години, во комунистичкиот период.
Наратор е Андреа, наставник во селско училиште, кој одбива да се покори на наредбите на режимот кој бара учениците да пишуваат слогани со камења по ридовите во чест на идеологијата на власта.
Поради тоа што се противи, прво е преместен од училиштето а потоа и уапсен.
Со пристап во кој се испреплетуваат иронија, хумор и социјална критика, овој филм е потресен портрет на епоха обележана со идеолошка апсурдност.
Филмот на Џувани беше одликуван на неколку меѓународни фестивали и се вбројува меѓу најзначајните дела од неговата кариера, окарактеризиран за својата длабочина и симболичка моќ.
Споредуван е и со некои социјални комедии на Фелини, а воедно и признат во селекциите за Оскарите и Златен глобус.
Во организација на Амбасадата на Албанија
Сабота, 28 јуни I 18 ч.
„Вереницата на поетот“
(2023, 1h 43m. )
од Јоланд Моро, со Јоланд Моро, Серџи Лопез, Грегори Гадбоа
Синопсис:
Вљубена во сликарството и поезијата, Мирeј се приспособува на својата работа како келнерка во кафетеријата на Факултетот за уметности во Шарлвил, живеејќи од ситни кражби и шверц на кутии цигари.
Немајќи средства да ја одржува големата семејна куќа на брегот на Меза што ја наследила, Миреј решава да живее тројца потстанари.
Тројцата потстанари кои ќе ја нарушат нејзината рутина истовремено и ќе ја подготват, без да знаат, за враќањето на нејзината голема младешка љубов, поетот.
Добитник на наградата Valois за најдобро сценарио на Фестивалот на франкофонски филм во Ангулем 2023, Добитник на наградата на публиката на Меѓународниот фестивал на франкофонски филм во Намир 2023
Во организација на Амбасадата на Белгија
Сабота, 28 јуни I 20 ч.
„Вашите лица секогаш ќе ми бидат пред очи“
(2023, 1h 58m. )
на Жана Ери, со Елоди Буше, Адел Егзаркопулос, Лејла Бекти
Synopsis:
Од 2014 година, во Франција, Ресторативната правда им предлага на жртвите и сторителите на прекршоци да се соочат едни со други и да разговараат во безбедни околности под надзор на професионалци и волонтери како Жидит, Фани или Мишел.
Насим, Иса и Тома, осудени за кражби со насилство, Грегоар, Навел и Сабин, жртви на таквите кражби , и Клое, жртва на инцестуозно силување, сите се вклучуваат во мерките на Ресторативната правда.
Во ликовите има и гнев и надеж, и молк и зборови, и склучени сојузи и и растурање на истите, освестување и
одново стекната доверба… И на крајот на патот, понекогаш, нова шанса и покајание…
Наградена со 5 Цезари во 2024: Цезар за најдобра фотографија, Најдобар звук, Најдобра музика,
Најдобри костими, Најдобри визуелни ефекти
Во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје
ЗАТВОРАЊЕ
Понеделник, 30 јуни I 20 ч.
„РУ“
(2023, 1h 56m. )
Од Шарл-Оливие Мишо, со Клое Џанџи, Шантал Туи, Жан Буи, Оливие Дин
Синопсис:
Младата Виетнамка, Тин, по опасното морско патување и престој во камп во Малезија, е прифатена со нејзиното семејство бегалци во Канада.
Тие пристигнуваат во Гранби каде што започнуваат нов живот. Но за Тин, приспособувањето носи свои потешкотии.
Иако по природа срамежлива и повлечена, таа мора да научи нов јазик и да се интегрира во новата средина.
Прогонувана од искушенијата на патувањето, девојчето ќе мора да изнајде сила во себе потребна за преживување и среќа.
Прикажан на повеќе меѓународни фестивали, вклучувајќи го Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2023.
Во организација на Амбасадата на Канада
Неделата на Франкофонски филм е организирана во соработка со:







