Недела на франкофонски филм I 30.03 – 06.04.2026 I Кинотека

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Недела на франкофонски филм I 30.03 – 06.04.2026 I Кинотека

Скопје: Од 30 март до 06 април 2026 I Kинотека

Битола: Од 6 до 9 април 2026 I НУ Центар за култура – Битола

Во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Франкофонијата.

Отворање

Понеделник, 30 март I 20 ч.

„Склоност кон пораз“

(2025) 1h26 min

од Лени и Арпо Гит, со Марија Каваје- Базан, Аксел Перан, Катрин Рингер, Михаел Зиндел

За оваа проекција, влезот е слободен

Синопсис:

Невработена и „во долгови до гуша“, 26-годишната Арманд Пижон едвај преживува во Брисел. Згора на тоа, има слабост кон комар и не се двоуми да ризикува — за Арманд секој облог вреди. Секој, освен еден, можеби најлудиот, на кој сè уште не се осмелува: облогот на љубовта.

Во организација на Амбасадата на Белгија

ВЛЕЗ СЛОБОДЕН ЗА ФИЛМОТ НА ОТВОРАЊЕ

Вторник, 31 март I 20 ч.

„Кога доматите се сретнаа со Вагнер“

документарен филм

(2021, 1h 13m)


Од Мариана Економу

Синопсис:

Елиас, мало земјоделско село во централна Грција, полека згаснува. Соочени со оваа состојба, двајца братучеди се здружуваат со бабите од селото за да ги засадат семките од домати што тие ги зачувуваат со векови.

Во придружба на музиката на Вагнер, за која веруваат дека го поттикнува растот на доматите, успеваат да остварат извоз на теглички органски домат низ целиот свет.

Филмот ги следи протагонистите во оваа необична мисија, во нивните обиди да преживеат и да ги остварат своите соништа.

Истовремено смешна и горчливо-емотивна, оваа приказна нè потсетува на важноста од повторно осмислување на животот во време на криза и на силата на меѓтучовечките односи.

Во организација на Амбасадата на Грција

Среда, 1 април I 20 ч.

„Тивок бунт“

(2026, 1h 36)


на Мари-Елса Сгуалдо, со Лила Гено, Грегоар Колен, Томас Доре, Орелија Пети, Сандрин Бланк, Саша Грават, Сирил Мецгер

Синопсис:

Дејството се случува во 1943 година, во Швајцарија, на самата границата со делот на Франција кој е под окупација.

Ема, петнаесетгодишно девојче, работи како помошничка во семејството на еден пастор.

По преживеаното насилство, останува бремена токму во моментот кога се надева дека ќе освои стипендија со цел да ги плати студиите за медицинска сестра.

Во оваа строга, рурална протестантска средина, обележана од војната и социјалните тензии, ќе мора да ѝ се спротивстави на заедницата за да си го отвори патот кон слободата.

Во организација на Амбасадата на Швајцарија

Четврток, 2 април I 20 ч.

„Приказната за Сулејман“

(2024, 1ч 38м)

на Борис Лојкин, со Абу Сангаре, Алфа Умар Соу, Јунгар Фал, Нина Мело, Емануел Јование

Синопсис:

Дејството е во Париз, Сулејман, млад Гвинеец без документи, е доставувач на велосипед но користи туѓ идентитет — тоа е единствениот начин да преживее , додека истовремено трескавично се подготвува за интервјуто во OFPRA (Француска служба за заштита на бегалци и лица без државјанство) , закажано за четириесет и осум часа.

Возбудлива трка со времето што го воведува гледачот во срцето на една невидлива реалност, носена од извонредно моќна и потресна интерпретација.

Организирано од Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје

Петок, 3 април I 20 ч.

„Родео“

(2023, 1h 21m)

на Жоел Дежарден Пакет, со Максим Лефлаге, Лилу Роа-Ланует, Витни Лафлер, Фелисија Шулман

Синопсис:

По бурниот развод, Серж ја води својата 9-годишна ќерка Лили на патување со камион низ Канада, кон Алберта и легендарниот „Badlands World’s Best Truck Rodeo“.

По сè позагрижениот поглед на својата ќерка, Серж ќе мора да се соочи со последиците од сопствените избори и да ја преиспита нивната врска за време на ова интензивно и емотивно патување.

Во организација на Амбасадата на Канада

Сабота I 4 април I 18h00

„…“

на …

Синопсис:

Во организација на Амбасадата на Албанија

Сабота, 4 април I 20ч.

ЗАТВОРАЊЕ

„Марија, кралицата на Романија“

(2018, 1h 50m, документарен филм)

од Јоланд на Тревор Путс, со Алма Бојангиу, Раду Команеску, Вероника Деспина Граменоу, Дијана Мандаче, со Јоланд Моро, Серџи Лопез, Грегори Гадбоа

Синопсис:

Историјатот на политичката улога и интригантниот приватен живот на романската кралица Марија.

Внука на кралицата Викторија, се венча за романскиот престолонаследник во 1893 година. Фабулата прикажува како ја водела земјата низ ужасите на Првата светска војна, па сè до Мировната конференција во 1919 година.

Филмот не ги избегнува ни помалку блескавите страни од животот на кралицата : сцените со нејзиниот син Карол, кој ги презирал своите родители и кога станал крал, ја протерал Марија од дворот, а кога комунистите дошле на власт во 1945 година, сосема ја избришале од историјата.

лм во Намир 2023

Во организација на Амбасадата на Романија

Неделата на Франкофонски филм е организирана во соработка со: