Начин на запишување

Начин на запишување

УПИСИ:

За упис изучувачот треба да има:

– од 3 до 6 години за ателјеата за иницијација

– од 7 до 17 години за школските групи (деца, основци и гимназијалци)

– 18 години и повеќе за возрасните групи

За да се запише на часовите, изучувачот мора да пополни формулар за пред-упис со внесување на своите податоци и одбирање на група.

По извршениот пред-упис, уписот е валиден по извршено плаќање на најмалку една рата која одговара на одбраниот тип на курс.

Оние изучувачи кои се запишуваат за прв пат и имаат претходни познавања од францускиот јазик можат да го одредат своето ниво преку тестот за позиционирање што ќе им помогне да ја одберат најсоодветната група според нивното ниво.

Предложените нивоа се воспоставени според наставниот курикулум на Францускиот институт, а се реферираат на нивоата од Заедничката референтна рамка за јазиците.

плаќање:

Сумите за упис на часовите се плаќаат однапред.


Целосната сума на часовите може да се регулира на две месечни месечни рати, кои што износи ќе ви бидат назначени.

Плаќањето на часовите е во денари, во готово или со картичка, во Институтот, во работно време (од понеделник до петок, од 11ч до 18ч и сабота, од 10ч до 13ч).

Уписнината за часовите вклучува учебник и упис во медијатеката (културтек) на Францускиот институт (со времетраење од една година).

*      *     *     *

Повеќе за часовите по француски јазик во Францускиот институт во Скопје :