23 Дек Модна изложба „Носиме уметност” | 26.01.2024 – 29.02.2024
Изложбата ќе биде поставена до 29 февруари во излогот на Францускиот институт.
Петок 26 јануари 2024, 18 ч. | Француски институт во Скопје
Оддавајќи им омаж на Пикасо и кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на Лидија Георгиева, професор и моден дизајнер, која заедно со своите студенти организираше модна ревија во Музејот на град Скопје, инспирирана од делата на еден од најголемите сликари на дваесеттиот век.
И вие ќе можете да погледнете селекција од овие прекрасни креации во излогот на Францускиот институт во Скопје, за време на изложбата.
Поддржано од Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија и Катедрата за дизајн на текстил при Технолошкиот факултет во Скопје.