Меѓународна конференција во рамките на петгодишниот проект „Byose” I 02-03. 10. 2024

21

Меѓународна конференција во рамките на петгодишниот проект „Byose” I 02-03. 10. 2024

Среда 2 и четврток 3 октомври 2024 I НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

„Знак и перцепција. Визуелните показатели на византиската и отоманската ера“

Петгодишната програма „Од византиската ера до отоманскиот период во Југоисточна Европа” влегува во третата година на реализација.

Годинава, учесниците на оваа меѓународна конференција ќе дебатираат околу прашањата за восприемањето на византиското, словенското и отоманското аудиовизуелно и културно наследство.

Конференцијата ќе пружи можност да се направи преглед на најновите сознанија, да се споредат истражувачките методи и да се поттикне интердисциплинарната соработка, воспоставувајќи воедно и соработка со научната заедница во Северна Македонија.

Организатори:

  • Оливие Делуј (францускиот Национален центар за научни истражувања CNRS, Француска куќа во Оксфорд),
  • Лилијана Јорданова (одговорна за збирките „Словенски народи”, во издание на Музејот Лувр) и
  • Иван Заров (Институт за стара словенска култура – Прилеп/Скопје).

Sans Titre