Конкурс за дигитален плакат I Краен рок: 06.10.2024

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Конкурс за дигитален плакат I Краен рок: 06.10.2024

Петок 18 и сабота 19 октомври 2024 I Nova High School

Ја сакаме науката + ја сакаме Франција = ја сакаме француската наука!

„Наука за деца“ и Францускиот институт во Скопје објавуваат конкурс за дигитален плакат, насловен „Parlez-vous fran-sci?“.

Посветен на француската научна мисла, овој конкурс ги повикува сите умни и креативни деца да направат плакат на тема: француски научник, научен концепт или експеримент од француски научник, научна книга, па дури и научна фантастика…

Децата треба да направат дигитален плакат во А3 големина со помош на дигитални алатки како Canva, Photoshop или Illustrator.

Друга опција е да употребат вештачка интелигенција за создавање на слики (Dall-E, Midjourney) и потоа да ја збогатат со техники како glitch art или пак со рачна манипулација.

Konkurs

Потоа, плакатите во pdf или png формат, треба да го испратат на: nzd.ifs@gmail.com, најдоцна до 6 октомври 2024.

Во испратениот мејл, треба да ги назначат следниве информации:

  • НАСЛОВ НА ПЛАКАТОТ
  • ИМЕ И ПРЕЗИМЕ 
  • ВОЗРАСТ
  • ОДДЕЛЕНИЕ 
  • УЧИЛИШТЕ
  • ГРАД

📢 На конкурсот можат да учествуваат деца од 5 до 9 одделение.

15 финалисти ќе бидат изложени во излогот на Францускиот институт, од 21 октомври до 6 ноември 2024 година.

Оваа година, Францускиот институт подготвува вредни награди за најдобрите 6 плакати !

Конкурсот е организиран во рамките на третото издание на конференцијата „Наука за деца“ која ќе се одржи на 18 и 19 октомври 2024 во средното училиште „Нова“ во склоп на кој се предвидени различни работилници, меѓу кои и две на темата виртуелна реалност.

Sans Titre 1