Изложба I Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции I отворена до 20 мај 2025

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Изложба I Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции I отворена до 20 мај 2025

Вторник, 8 април 2025, 20 ч. , Музеј на современата уметност-Скопје

Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции

8 април 2025, 20 ч. , Музеј на современата уметност-Скопје

Францускиот институт во Скопје и Музејот на современата уметност – Скопје, во соработка со Музејот за современа уметност во Лион и градот Лион, имаат чест да ви ја прикажат изложбата насловена „Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“.

Низ селекција на значајни дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, од автори како Карлос Круз-Диез, Хисао Домото, Ана-Ева Бергман, Пјотр Ковалски, Зоран Мушиќ, Виргилије Невјестиќ, Енрике Пејсере, се истакнуваат уметници и од целиот свет, кои по Втората светска војна заминуваат во Париз, каде се формираат многубројни меѓународни уметнички заедници.

Селекција на дела од современи и реномирани автори од Музејот за современа уметност во Лион, како Јасмина Чибиќ, Даниеле Вале-Клајнер, Анж Лесија и Шурук Хриеш ќе бидат премиерно прикажани за време на изложбата. Тоа дополнително ќе влијае на размислата за миграциите на уметниците и важноста на културната размена. Идејата на оваа мисија е исто така да се создадат врски кои ќе овозможат други форми на соработка.

Изложбата официјално ќе ја отворат:

г. Тихомир Топузовски, в.д Директор на Музејот на современата уметност-Скопје,

г. Филип Маршето, прв советник во Амбасадата на Франција и

г. Матје Лелиевр, одговорен за одделот „колекции“ во Музејот на современа уметност во Лион и куратор на изложбата.

Изложбата, под кураторство на Лелјевр и македонски куратор, доловува вкрстени перспективи за влијанието на француското уметничко творештво во рамките на колекциите на Музејот.

По првата истоимена изложба со која се одбележаа „30 години дипломатски односи помеѓу Франција и Северна Македонија“, оваа изложба нуди нов исклучителен избор на дела од престижната збирка на музејот, која вбројува и уметници со меѓународна репутација.

Преку соработката помеѓу француските и македонските куратори, изложбата сведочи за уметничкиот и културен дијалог помеѓу Франција и Северна Македонија, во знак на пријателството и размената помеѓу двете земји.

Ве покануваме да ја погледнете оваа уникатна изложба и да се нурнете во фасцинантниот универзум на француската современа уметност во срцето на Скопје!

Во партнерство со :