Изложба на фотографии и видео проекција I СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА: ВИЗИИ ЗА ИДНИНАТА I 22.01.2026

Event Model

Изложба на фотографии и видео проекција I СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА: ВИЗИИ ЗА ИДНИНАТА I 22.01.2026

Во четврток, 22 јануари 2026 година, 19:00 часот во Сули ан.

Screenshot 2026 01 14 174528

СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА: ВИЗИИ ЗА ИДНИНАТА

Францускиот институт во Скопје има чест да ве покани на изложба на фотографии и проекција на документарен филм кои беа реализирани во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, кој има за цел да ја стимулира креативноста кај младите, да го промовира историското наследство на Скопската чаршија и да понуди креативни решенија за зачувување на културното наследство во иднина.

Проектот ја нагласува важноста на меѓународната соработка за зачувување и валоризација на ова заедничко наследство.
Во рамките на проектот беа реализирани пет работилници – по видео, фотографија, историја, книжевност и архитектура – во кои учествуваа околу 20 студенти од различни факултети во Скопје, работејќи со реномирани меѓународни и домашни артисти, режисери и професори.

По повод одбележувањето на Елисејскиот договор, Францускиот институт во Скопје организира изложба на фотографии на студентите од спроведените работилници со реномираниот германски фотограф Хајнрих Холтгрев. Фотографиите претставуваат спој на старите и нови градби, обичаи и начини на живеење во Старата скопска чаршија, откривајќи ги нејзините мултикултурни аспекти, лица, споменици и сокаци.

Во рамките на настанот ќе биде прикажан краткиот документарен филм на француската режисерка Леонор Мерсие и студентите од Факултетот за драмски уметности, кој ги истражува културните белези и меѓукултурниот и меѓугенерациски дијалог во стариот град. Филмот ги прикажува сцени од дневниот живот во Старата скопска чаршија – амбиентот во кафулињата, ресторани, продавници, зелениот пазар, како и културниот живот на овој историски локалитет.

Настанот е организиран од Францускиот институт во Скопје и Институтот Гете, а во рамките на истиот ќе им бидат свечено доделени благодарници на сите учесници на проектот.