08 Окт Прослава на 50-годишнината со „Сонот на Ербер“ во изведба на театарската трупа Кидам I 05.10.2024
Сабота 5 октомври 2024, 20 ч. I Поаѓање од Музеј на Град Скопје
во рамките на „Бела ноќ“
Како што ветивме, уличен спектакл за секоја возрасна група – ќе има!
Театарската трупа „Кидам“, која не беше во можност да пристигне во Скопје во јуни поради откажани авионски на летови, ќе биде во центарот на случувањата на овогодишната „Бела ноќ“.
Уличниот театар на трупата „Кидам“ ќе заврши со спектакуларен видео мапинг, дело на нашиот познат визуелен уметник Емил Петро, чиј наслов е „Франција во светлина“.
Основана од Жан-Батист Дипере во 1994 година, групата „Кидам“ Compagnie des Quidams има создадено околу петнаесет различни претстави.
Преку визуелниот, светлечки и музички универзум, трупата го воведува невообичаеното и поетското во секојдневниот живот и, со помош на огромни костуми и преобразби, се вклопува во јавниот простор и целосно го менува додека трае уличното дефиле.
Трупата обединува околу триесет уметници и техничари од различни уметнички сфери (театар, танц, музика, циркус). Не пропуштајте!
Со поддршка од Град Скопје, Универзална Сала, Ист Гејт Мол, аптеките Зегин, винаријата Тиквеш, Скопје Сити Мол, Еуроимпекс , Публицис, и Биотек