Уписи за ДЕЛФ Прим, првата диплома за познавање на францускиот јазик за најмалите I Oд 7 до 17 април 2025

Delf Prim

Уписи за ДЕЛФ Прим, првата диплома за познавање на францускиот јазик за најмалите I Oд 7 до 17 април 2025

Уписите за сесијата ДЕЛФ Прим 2025 се одвиваат од 7 до 17 aприл 2025.

Полагање на испитот: 11 јуни 2025

Цена: 1 700 ден.


Како да се запишеш на испитот ?

  • Пред-уписот се врши на интерактивниот формулар:

  • Уписот се потврдува со уплата за истиот, која се врши лично во Францускиот институт во Скопје

  • Важно : Формуларот се пополнува и е важечки само во погоре назначените уписни рокови за дадената сесија.


Вашето дете е на возраст од 7 до 12 години и го изучува францускиот јазик?

ДЕЛФ Прим е првата диплома за познавање на францускиот јазик!

ДЕЛФ Прим е диплома по француски јазик, која што ја издава Француското министерство за образование. Истата може да се полага во Францускиот институт во Скопје.

Дипломата ДЕЛФ Прим се состои од следните нивоа:

Зошто вашето дете да полага за диплома ДЕЛФ Прим?

– тоа е прилика да ги покаже своите познавања од францускиот јазик

– тоа е можност да биде наградено за својата работа и труд

– на тој начин, стекнува навика да полага испити уште од самиот почеток на изучување на францускиот јазик.