
21 Фев « Грофот од Монте Кристо » | Од 8 март 2025 I Синеплекс
Отворање на месецот на Франкофонијата во Скопје
Од 8 март 2025, 19 ч. | Кино Синеплекс – Скопје Сити Мол
По повод месецот на Франкофонијата, Францускиот институт во Скопје и Скопје Сити Мол организираат гала филмска вечер со проекцијата на филмот „Грофот од Монте Кристо“ (2024) во петок 7 март 2025 во 19 ч. во Синеплекс, Скопје Сити Мол.
*Присуство на премиерата е со покана,

„ГРОФОТ ОД МОНТЕ КРИСТО“
од Матијe Делапорт и Александар де Ла Пателиер, со Пјер Нинe, Бастиен Бујон и Анаис Демустје
Филмот е претставен на фестивалот во Кан, надвор од конкуренција, со повеќе од 10 милиони продадени билети само во Франција во 2024 година!
- Синопсис:
Апсолутен успех е оваа нова адаптација на уште еден роман на Александар Дима. Универзална и популарна приказна за одмазда, на која актерите, предводени од Пјер Нине, ѝ даваат вистинска драматуршка длабочина. (Ла Воа ди Нор)
Жртва на заговор, младиот Едмон Дантес е уапсен на денот на неговата свадба, за злосторство кое не го извршил.
По четиринаесет години поминати во затвор во „Иф“, успева да побегне. Откако станува исклучително имотен, се враќа под идентитетот на „грофот од Монте Кристо“ со цел да се одмазди на тројца предавници.
- За овој филм, француските медиуми напишаа:
“Сцените се нижат пред очите на гледачот, небаре страници од роман од кој не сакаме да пропуштиме ниту една испишана реченица. Така се создава еден неверојатен кинематографски жанр , наречен „page-turner.” (Ле Монд)
„Филмот трае речиси три часа, но додека трае оваа приказна, тензијата никогаш не спласнува.
Исклучителниот актер Пјер Нине е актер-камелеон, Бастиен Бујон, Анаис Демустје, Лоран Лафит и Патрик Мил се извонредни, а Анамарија Вартоломеј има магнетна привлечност. (Ле Паризиен)