15 Окт „Нешто малку поинакво“ I Од 31 октомври до 6 ноември 2024 I Синеплекс
По повод 50 години Француски институт во Скопје
Среда 30 октомври 2024, 20 ч.| Синеплекс, Скопје Сити Мол
Присуството на премиерата е со покана. По премиерата филмот е на редовниот репертоар на Синеплекс.
По повод својата 50-годишнина, Францускиот институт во Скопје и Скопје Сити Мол организираат трета по ред гала француска филмска вечер под слоганот „Најдоброто од Франција”!
Проекција на најуспешниот филм во последните 10 години, за кој во Франција до сега се продадени 10 милиони влезници.
„Нешто малку поинакво“ на Артус, со Артус , Кловис Корнијак и Алис Белаиди
Во партнерство со Скопје Сити Мол.
Со поддршка на аптеките „Zegin“, винаријата „Tikvesh“, агенцијата „Публицис“ и Еуроимпекс Пежо
Синопсис :
За да ѝ избегаат на полицијата, татко и син се принудени да најдат засолниште во летен камп за млади со хендикеп, и со таа цел, се преправаат дека едниот од нив е дел од кампот а другиот негов специјален едукатор. Сета неволја што ги снаоѓа како и ова невообичаено искуство засекогаш ќе ги промени нивните животи.
- За филмот, медиумите напишаа:
„Уште со првиот негов филм, Артус успева да ја насмее публиката, вешто избегнувајќи ги клишеата, и исмевајќи се со нашите двојни стандарди без да притоа ни одржи лекција“ (Ел)
–
„Нешто малку поинакво“ воспоставува врска помеѓу „лажниот инвалид“ и хендикепираните. Самиот филм е гротескен, смешен и истовремено многу трогателен (Ле Паризјен)
–
„Ликовите се симпатични. Вистинска лекција за хуманост и скромност“ (Ле Жирнал Ди Диманш)