Вашите колажи во излогот на Францускиот институт во Скопје

Pozadini Za Sajt I Fb Cover (1)

Вашите колажи во излогот на Францускиот институт во Скопје

Франколаж

Голема благодарност до сите учесници на конкурсот за колажи, организиран од Францускиот институт во Скопје и Skopje Collage Collective !

Оваа прва соработка со уметниците и ентузијасти, Марко и Филипа, наиде на одличен одѕив.

Инспирирани од четири архивски фотографии од Париз, изборот на колажи е доказ за големата креативност и оригиналност на учесниците.

🖼 Поминете и погледнете ги супер инспиративните колажи во излогот на Францускиот институт во Скопје !

А ова е само почеток… Следи нова соработка, отворена за сите љубители на колажот. Следете нè!

Изложени се колажите на:

Горјан Мирчески

Ирена Филипова

Теодор Јуруковски

Ангела Савевска

Методија Јованов

Катерина Мандариќ

Сергеи Калеников

Магдалена Таневска

Симона Манчева

Викторија Тодоровска

Ивана Панчевска

Марија Јовановска

Славица Урумова

Јована Величковска

Зафир Јованов

1, 2 3 СЕЦКАЈ!

Францускиот институт и Скопје колаж колектив организираат конкурс за изработка на колажи. Одбраните дела ќе бидат изложени во излогот на Францускиот институт во Скопје во текот на летото.

📍Што треба да направите за да се пријавите ?

1. Одберете која било од четирите архивски фотографии од Франција. Искористете кое било делче од одбраните фотографии за да направите колаж.

2. Фотографијата може да ја најдете и симнете на веб-страниците на Скопје колаж колектив и на :

3. Штом завршите со колажот, испратете го на skopjecollagecollectivescc@gmail.com  и culture@ifs.mk

📍Важни информации:

Рокот за испраќање е до 07 јули!

Секој колажист може да испрати најмногу две дела

Секој може да учествува, без разлика дали имате една или сто и една година или дали сте искусни колажисти или почетници.

Дозволени се и аналогни и дигитални колажи.

Не се дозволени колажи со користење на ВИ

📍Важни напомена:

1. Доколку направите аналоген колаж, не го фотографирајте, туку скенирајте го и испратете го како јпг.

2. Сите дела кои шират навредлива содржина или говор на омраза не ќе бидат земени предвид при изборот на дела за престојната изложба.

Повеќе информации за изложбата наскоро….