Финале на натпревар по изразно читање #ЧитајНаФранцуски2023 | 1.04.2023

2 Nuits De La Lecture2023

Финале на натпревар по изразно читање #ЧитајНаФранцуски2023 | 1.04.2023

Драги учесници на натпреварот по  изразно читање,

Бројот на пријавени беше навистина огромен – повеќе од 90 основци и средношколци од Македонија!

Тимот на Францускиот институт срдечно ви се заблагодарува за огромниот интерес и мотивација за учество на овој натпревар !

Пред овој навистина голем успех , одлучивме на сите да ви дадеме можност да учествувате на оригинален и забавен начин преку кој ќе ги истакнете вашите читачки способности и креативност.

За да учествувате на натпреварот, треба да снимите видео во траење од 4 минути максимум во кое ќе читате избран текст на тема „страв“ и да го поставите / објавите во Фејсбук групата наменета за „Натпревар за изразно читање 2023“ најдоцна до 17 март.

Големото финале ќе се одржи в сабота, на 1-ви април, во 12 часот, во Кинотеката на Северна Македонија.

Еве кои се правилата за учество :

  • Во видеото (во времетраење од 4 минути максимум) треба да се види дека читате текст
  • Важно е жирито да може ве јасно да чуе, затоа внимавајте звукот да биде чист.
  • Секаква изведба и сценографија се дозволени. Ослободете ја креативност и имагинацијата ! Исплашете ги гледачите!
  • Видеото треба да го објавите во Фејсбук групата наменетаза овој конкурс. Секако, слободно можете, доколку имате желба, видеото да го споделите и на други социјални мрежи користејќи го хаштагот #ЧитајНаФранцуски2023
  • Пред да го објавите видеото, не заборавајте во описот (објавата) во групата да ги наведете вашето име и презиме, категорија во која се натпреврувате (основци или средношколци), како и името на вашето училиште и град.

Жирито, составено од еминентни професори по француски, ќе одбере 6 финалисти во категоријата основци и 6 во категоријата средношколци, според следниве критериуми:

  • Читање (изговор, артикулација)
  • Изразно читање ( експресивност )


Одбраните финалисти ќе бидат објавени на 22 март 2023 и ќе учествуваат во големото финале на натпреварот кое ќе се одржи в сабота на 1ви април во 12ч во Кинотеката на Северна Македонија.

Секој од финалистите ќе го прочита својот текст во живо, а жирито ќе ги објави победниците од секоја категорија.

Сите учесници на натпреварот ќе добијат благодарница за учество и бесплатен пристап од една година до нашата електронска библиотека, а воедно се поканети на големото финале да го поддржат својот фаворит.

Победникот и финалистите ги очекуваат вредни награди!

Најдоброто видео од секоја категорија ќе биде наградено и прикажано за време на големото финале!

На позиција….?Спремен/спремна?…. Читај!

Nuit-de-la-lecture-Concours-2023