
04 Сеп Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ I Фокус на француската кинематографија I Од 20 до 26.09.2025
Од сабота 20, до петок 26 септември 2025 I Центар за култура во Битола
Основан во 1979 година, овој фестивал во чест на браќата Јанаки и Милтон Манаки, пионери во фотографијата и кинематографијата на Балканот на почетокот на 20от век. Нивното творештво претставува еден вид сведоштво за секојдневниот живот и општествените трансформации во регионот.
дел од програмата на фестивалот
Oтворање на фестивалот со филмот на француско-македонската режисерка Teона Митевска со филмот „Мајка“.
Сабота 20 септември 2025 | 20 часот | Дом на култура, Битола
Филмот опфаќа 7 дена од животот на Мајка Тереза во периодот кога таа одлучува да го напушти манастирот во Калкута и да го следи својот пат.
Професионална средба со француски продуценти и продуценти и носители на проекти од регионот во рамките на фестивалот
Среда 24 септември 2025 – Фокус на француската кинематографија
– Мастерклас со Дариус Конџи (12ч, кино Манаки)
– Проекција на филм од Дариус Конџи (21ч, кино Манаки)
– Проекција на францускиот филм „Нов бран”, во официјалната конкуренција (21ч, Културен центар Битола)
Официјално доделување на наградата „Камера 300“ ( Магаза, Битола)
Дариус Конџи е овогодинешниот добитник на наградата Златна камера 300 за животно дело на фестивалот „Браќа Манаки”.
Роден на 21 октомври 1955 година во Техеран, Иран, Дариус Конџи станува еден од најпризнатите директори на фотографија на современиот филм.
Неговиот прв меѓународен успех доаѓа со ДЕЛИКАТЕСИ (1991), но култната соработка со Дејвид Финчер на филмот СЕДУМ (1995) го претставува пред широката публика, правејќи го препознатлив по визуелениот стил.
Номиниран е два пати за Оскар за ЕВИТА и БАРДО, а соработува со режисери од сите правци, од Вуди Ален до Вонг Кар-ваи.
И оваа година ја потврдува својата исклучителна творечка способност реализирајќи 3 филмски остварувања, докажувајќи ја повторно својата способност за постојаност во филмското творештво.
„Деликатес” (1991).
Режисер: Жан-Пјер Жоне и Марк Каро
•Директор на фотографија: Дариус Конџи:




„Седум” (1995).
•Режисер: Давид Финчер
•Директор на фотографија: Дариус Конџи:


