
20 Фев Уписи за ДЕЛФ Прим, првата диплома за познавање на францускиот јазик за најмалите
Преземете го формуларот за упис, испечатете го и приложете го пополнет во моментот на упис во Францускиот институт во Скопје.
Формулар за упис на DELF Prim
–
Уписите за сесијата ДЕЛФ Прим 2023 се одвиваат од 1 до 17 март 2023.
Полагање на испитот: 5 јуни 2023
Цена: 1 200 ден.
–
Вашето дете е на возраст од 7 до 12 години и го изучува францускиот јазик?
ДЕЛФ Прим е првата диплома за познавање на францускиот јазик.
ДЕЛФ Прим е диплома по француски јазик, која што ја издава Француското министерство за образование. Истата може да се полага во Францускиот институт во Скопје.
–
Дипломата ДЕЛФ Прим се состои од следните нивоа:
А1.1
А1
А2
–
Зошто вашето дете да полага за диплома ДЕЛФ Прим?
- тоа е прилика да ги покаже своите познавања од францускиот јазик
- тоа е можност да биде наградено за својата работа и труд
- на тој начин, стекнува навика да полага испити уште од самиот почеток на изучување на францускиот јазик.