ДЕЛФ ДАЛФ уписи за февруарска сесија 2024

Delf Dalf Upisi2

ДЕЛФ ДАЛФ уписи за февруарска сесија 2024

Уписите за февруарската испитна сесија 2024 за дипломите ДЕЛФ/ДАЛФ ќе се вршат од 9 до 18 јануари 2024, во Францускиот институт во Скопје.

Преземете го соодветниот формулар за упис, испечатете го и приложете го пополнет со латинични букви во моментот на упис во Францускиот институт во Скопје.


Испитите ќе се одржат на:


12/02/2024 – A1 Junior / A1 tout public
13/02/2024 – A2 Junior / A2 tout public
14/02/2024 – B1 Junior / B1 tout public
15/02/2024 – B2 Junior / B2 tout public
16/02/2024 – C1 et C2

За испитите ТЦФ и ТЕФ, уписи се вршат секој месец од 1 до 20-ти тековниот месец, а полагањето на испитот е следниот месец од 20 до 30-ти (од октомври до јуни).

Што претставуваат испитите ДЕЛФ/ДАЛФ?

Предности на дипломите ДЕЛФ/ДАЛФ

Искористете ја можноста за стекнување меѓународно призната диплома и сертифицирајте го вашето познавање на францускиот јазик!