16 Јул Гала филмска вечер со филмот „Уште една мала работа“ I 30.10.2024
По повод 50 години Француски институт во Скопје
Среда 30 октомври 2024, 20 ч.| Синеплекс, Скопје Сити Мол
По повод својата 50-годишнина, Францускиот институт во Скопје и Трговскиот центар Скопје организираат трета по ред гала француска филмска вечер под слоганот „Најдоброто од Франција”!
Проекција на најуспешниот филм во последните 10 години, за кој во Франција до сега се продадени 10 милиони влезници.
„Уште една мала работа“ на Артус, со Артус , Кловис Корнијак и Алис Белаиди
- Присуството е со покана
Во партнерство со Скопје Сити Мол. Со поддршка на аптеките „Zegin“, винаријата „Tikvesh“, агенцијата „Публицис“ и Еуроимпекс Пежо
- Синопсис :
За да и избегаат на полицијата, татко и син се принудени да најдат засолниште во летен камп за млади со хендикеп, и со таа цел, се преправаат дека едниот од нив е дел од кампот а другиот негов специјален едукатор. Сета неволја што ги снаоѓа како и ова невообичаено искуство ќе ги промени нивните животи засекогаш.
*
- За филмот, медиумите напишаа:
„Уште со првиот негов филм, Артус успева да ја насмее публиката, вешто избегнувајќи ги клишеата, и исмевајќи се со нашите двојни стандарди без да притоа ни одржи лекција“ (Ел)
„Уште една мала работа“ воспоставува врска помеѓу „лажниот инвалид“ и хендикепираните. Самиот филм е гротескен, смешен и истовремено многу трогателен (Паризјен)
„Ликовите се симпатични. Вистинска лекција за хуманост и скромност“ (Л журнал ду диманш)