25 Мај Регионален летен универзитет во Струга | 27 јуни – 1 јули 2022
Годинава, Францускиот институт во Скопје го организира 23-то издание на Летниот регионален универзитет во Струга, којшто претставува една прекрасна традиционална средба и значајна обука на професорите по француски јазик.
Главни цели на обуката, којашто е отворена за професорите од земјите во поширокиот регион (Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Словенија, Турција, Романија и Унгарија), се: истакнување на видливоста на францускиот јазик, зајакнување на неговото место во образовните системи на земјите на учесниците, создавање на вистинска кохезија меѓу учесниците, како и остварување богати меѓусебни размени на професионални искуства меѓу професорите по француски и професорите кои предаваат нејазични дисциплини на француски јазик од Југоисточна Европа.
За да се информирате повеќе околу програмата на обуката и предлог модулите, кликнете тука.
Следете ги активностите на Летниот универзитет во Струга преку следниот хаштаг: #UniDEte2022