Недела на франкофонски филм | 23 – 28.03.2023

Site Semainecinemafrancophone

Недела на франкофонски филм | 23 – 28.03.2023

Од четврток 23 до вторник 28 март 2023 | Кинотека на Северна Македонија

Резервации во Кинотека на Северна Македонија ; тел.: 2 30 71 814 ; 02 30 65 968 ; 02 306 59 68 ; мејл : kinoteka@ukim.edu.mk

Со поддршка на Амбасадата на Романија, Романскиот културен институт, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Белгија и Амбасадата на Луксембург.

Традиционалната Недела на франкофонски филм ќе ви овозможи да ја откриете убавината на филмското творештво на франкофонските земји.

ЧЕТВРТОК 23 МАРТ 2023, 20:00

„РАДИО МЕТРОНОМ“ И КОКТЕЛ

Проекцијата е организирана од Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт

Романски филм на Александру Белк (2022, 1h42), играат Мара Бугарин и Себан Лазаровици

Букурешт, 1972. Ана има 17 години и мечтае за љубов и слобода. Една вечер, ќе замине на забава со пријателите, каде ќе одлучат да  напишат писмо до Метроном – музичка емисија  која преку Radio Free Europe е нелегално се емитува во Романија. Токму тогаш пристигнува тајната полиција на  Чаушеску…

ПЕТОК 24 МАРТ 2023, 20:00

„ПОСЛЕДНИОТ ТАНЦ“

Проекцијата е организирана од Амбасадата на Швајцарија

Швајцарски филм на Делфин Лерисе (2022, 1h24), играат Франсоа Берлеан и Касеј Моте Клајн

75-годишниот пензионер Жермен живее мирно, помеѓу крајна неактивност и блага мизантропија, Лиза, со која е во брав веќе 50 години, се грижи за сè во домот и водено со радост го исполнува времето со уметнички и волонтерски активности. Кога Лиза одеднаш ќе почине, во животот на Жермен влегуваат челновите на семејтсвото кои ќе му наложат надзор, којшто одлично ќе помине.

САБОТА 25 МАРТ 2023, 20:00

„ПОСЛЕДНОТО ИСКУШЕНИЕ НА БЕЛГИЈЦИТЕ“

Проекцијата е организирана од Амбасадата на Белгија во Софија и во соработка со Валони-Брисел Интернационал

Коктел по проекцијата во организација на Амбасадата

Белгиски филм на Жак Бикоа (2021,1h16) со Алис Дитоа, Вим Вилер и Алекс Визорек

Ова е приказна за Жан, којшто работи како аниматор за културни настани во непријателска средина, и за неговата ќерка Мари, повремена стриптизерка која стои на работ на една бездна. Таа е подготвена да скокне, тој се обидува да ја спаси. Како? Раскажувајќи и’ приказни кои потсетуваат на приказните од „1000 и една ноќ“. Колку подолго го има нејзиното внимание, таа нема да се предаде.

ПОНЕДЕЛНИК 27 МАРТ 2023, 20:00

„ДЕЦА НА ТАТКОВИНАТА“

Проекцијата е организирана од Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција

Француски документарен филм на Тјери Демезјер и Албан Терле (2022, 1h50), со Елса ле Петрек, Тјери Демезјер

Во срцето на главниот град, едно средно училиште презема „луд“ подвиг: интеграција на ученици од квартовит со цел да се прекине ланецот на школски неуспех преку хип хоп. Овој документарец е приказна за една единствена случка во Франција.

ВТОРНИК 28 МАРТ, 20:00

„НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА НА ФРИЦИ“

Проекцијата е организирана одАмбасадата на Луксембург

Анимиран филм, во луксембуршка продукција, на Раиф Кукула и Матијас Брин


Германија, есен, 1989. Софи, најдобрата другарка на Фрици, не се враќа во Лајпциг по летниот распуст во Унгарија. Но Спутник, песот на Софи, сè уште е кај Фрици. Софи е многу вознемирена и не може да верува дека Фрици тукутака го напуштила своето куче, па решава да го врати Спутник и да се впише во аналите на историјата со Бела, која и’ нуди помош. Фрици ќе биде сведок на падот на Берлинскиот ѕид и сфаќа дека, ако сака да направи некаква промена, треба да се избори за неа и за сопствената слобода.