КИНО СРЕДБИ I Само неколку дена (2024) I 23.4.2026 I Кинотека

Event Model

КИНО СРЕДБИ I Само неколку дена (2024) I 23.4.2026 I Кинотека

Четврок 23 април 2026 | Кинотека I 20:00

« СаМО НЕКОЛКУ ДЕНА »

(2024 1H43)

на Џули Наваро, со Камиј Котен, Бенжаман Биоле и Амрула Сафи

Синопсис

Артур Бертје, рок критичар деградиран на општи вести откако уништил хотелска соба, открива дека новинарството е боречки спорт.

Откако завршува во болница поради специјален полициски службеник додека известува за евакуацијата на камп за мигранти, тој е маѓепсан од Матилда, раководителка на здружението Solidarité Exilés (Солидарност на протераните), која се согласува – верувајќи дека ќе трае само неколку дена – да го угости Дауд, млад Авганистанец.

Медиумите напишаа:

Иако навидум заплетот се потпира на романса, овој филм доста сликовито и реално го прикажува односот кон доселениците без документи. (Ле Паризиен)

Комедија со социјална тематика, проткаена со хумор и романса, филм кој несомнено ќе ве насмее ( Клоусер )

второ издание на  „Кино средби” 

во Кинотека

Прво издание на на месечните кино-средби во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематограија.

Оваа средба е наменета за широка публика, со посебен акцент на младите и децата, со цел да им се доближи богатството и разновидноста на француската седма уметност.

Уникатна можност за сите љубители на филмот, да откријат нови француски филмски ремек-дела !