03 Јан Ноќ на идеите 2026 I Дебата: Медиумите и социјалните мрежи I 25.02.2026
Среда 25 февруари 2026 | 12:30 I Холот на Економскиот факултет во Скопје
Дебата
медиумите и социјалните мрежи :
да ја вратиме довербата
Единаесеттото издание на манифестацијата „Ноќ на идеите“ се одржува во текот на целата 2026 година на пет континенти!
Овој симболичен настан на Францускиот институт и мрежата за соработка и култура во областа на идеите и знаењата, се одржува секоја година во повеќе од сто земји ширум светот.
Медиумите и социјалните мрежи: да ја вратиме довербата!
Социјалните мрежи играат клучна улога во ширењето на информацијата кај младите, но истовремено претставуваат и канал за дезинформации.
Дали социјалните мрежи претставуваат опасност за демократијата и општествениот живот на младите?
Како да се ослободиме од лажните вести кои претставуваат основно оружје на хибридните напади?
Дали треба да се ограничи пристапот до социјалните мрежи за најмладите?
Како да ја вратиме довербата во медиумите и да ја промовираме квалитетната информација?
Во Северна Македонија, земја изложена на дезинформации, оваа дебата би била особено релевантна и би овозможила и промоција на францускотo и европското законодавство во оваа област.
Со учество на француски и локални експерти.
Во соработка со НВО Метаморфозис и Економскиот факултет во Скопје.

панелисти
Лавинија Абот
Уредничка во европскиот тим на AFP Fact Check. Таа работи за Агенцијата Франс Прес од 2022 година.
Со значајни искуство во аудиовизуелните уметности како филмска режисерка и продуцентка, денес својата експертиза ја става во служба на проверка на факти и продукција на содржини со цел деконструкција на погрешни информации кои циркулираат на интернет.
Во рамките на европскиот центар за проверка на факти, таа придонесува кон анализата, истрагата и контекстуализацијата на вирусни содржини, секогаш водејќи се по принципите на точност и јасност.

Винсент Курон
Директор на Les Surligneurs, француска организација специјализирана за проверка на јавни изјави низ призмата на правото. Правник и универзитетски професор, тој е доцент по јавно право и особено се интересира за политичката употреба на правото и механизмите на правна дезинформација.
Преку Les Surligneurs, тој развива метод на проверка на факти заснован на ригорозна правна анализа, со цел јавните изјави да ги спореди со законските текстови, судската практика и важечките норми.

Бардил Јашари
Извршен директор на Фондацијата Метаморфозис, организација посветена на промовирање на демократијата, транспарентноста и јавната одговорност преку дигитални иновации.
Признат експерт за медиуми и дигитална трансформација, тој веќе многу години работи на развојот на проверката на факти, медиумската едукација и борбата против дезинформациите во регионот



