Можеби сте млад уметник, сликар, писател, преведувач, издавач, со одговорна функција во македонска културна институција, или филмски творец?
Сакате да заминете во Франција на уметнички престој?
Сакате да добиете помош при реализирањето на проект за издавање на француски дела или филм во француска копродукција?
Француската влада ви нуди интересни можности за кои ќе можете да прочитате тука!
Отворете ги линковите за да видите дали одговарате за одреден проект и кои документи ви се потребни при аплицирање!
1. Уметнички и книжевни престои
Секоја година, француското Министерство за надворешни работи и општината на градот Париз распишуваат конкурс за престој на историската локација Реколе. Овој конкурс е отворен за странски уметници и книжевници, кои сакаат да реализираат одреден проект во Париз. Повеќе информации можете да пронајдете на:
https://www.centre-les-recollets.com/
Меѓународната универзитетска установа во Париз има за цел ги поддржи младите странски уметници и да им ја олесни меѓусебната размена преку престој од 3 до 12 месеци во Париз:
https://www.ciup.fr/
Меѓународната уметничка установа во Париз предлага работилници и сместување, им обезбедува престој на уметниците-професионалци, кои работат на уметничко дело во Франција, во период од три месеци до една година:
https://www.citedesartsparis.net/
2. Обуки и курсеви за професионалци во областа на културата:
Француското Министерство за култура и комуникации секоја година нуди програми за обука во различни области, а кои се спроведуваат со помош на Домот на светските култури. Овие курсеви се наменети за одговорни лица во сферата на културата и претставуваат одлична можност за доусовршување во Франција:
http://www.maisondesculturesdumonde.org/expertise/formations
Универзитетот за ликовни уметности во соработка со Универзитетот Лион 2 и Универзитетот за политички студии од Гренобл нуди Регионален франкофонски мастер за менаџмент и културни политики на Балканот:
https://www.univ-lyon2.fr/master-2-direction-de-projets-et-d-etablissements-culturels-management-de-la-culture-dans-les-balkans-1
3. Стипендии и помошво областа на издаваштвото:
Националниот книжевен центар нуди престои во Франција од еден до три месеци за странски преведувачи кои работат на проект за преведување на француски дела:
https://www.centrenationaldulivre.fr/fr/auteur-traducteur/aide_a_la_traduction/
Националниот книжевен центар, исто така, обезбедува поддршка за книжевници кои творат на француски јазик:
https://www.centrenationaldulivre.fr/fr/auteur-traducteur/aides_aux_auteurs/
или за франкофонските книжарници ( http://centrenationaldulivre.fr/?-Aides-aux-librairies-al-etranger-)
Францускиот институт во Париз, исто така,им нуди помош на издавачите при објавувањето на француски книги. Оваа програма конкретно делува преку откупување на авторските права:
http://iflivre.institutfrancais.com/fr/aides-traduction
Како дел од програмата „Фабрика на преведувачи“, од 2010 година Францускиот институт во Париз организира средби и работилници за младите преведувачи:
https://www.pro.institutfrancais.com/fr/offre/la-fabrique-des-traducteurs
4. Помош во областа на филмот:
Националниот филмски центар и Францускиот институт во Париз обезбедуваат селективна помош на странски кинематографи, доколку тие сакаат да реализираат проект во француска копродукција. Дознајте повеќе на:
https://www.lescinemasdumonde.com/fr/les-programmes/aides-cinemas-du-monde
5. Поддршка за културни проекти од страна на Меѓународната организација на Франкофонијата:
Меѓународната организација на Франкофонијата, исто така, дава поддршка преку финансирање на културни проекти во различни области:
https://www.francophonie.org/arts-et-creations-56