Меѓународен ден на професорот по француски јазик 2025

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Меѓународен ден на професорот по француски јазик 2025

Скопје, 20 ноември 2025

584895657 1241660154654789 7025718713574210126 N

На 20 ноември, по повод Меѓународниот ден на професорите по француски јазик, ја чествувавме страста, креативноста и посветеноста на нашите професори во Северна Македонија.

Во рамките на настанот организиран од Амбасадата и Францускиот институт во Скопје, професорите заеднички создадоа „Жив весник“: колективна фреска од зборови, слики и емоции која сведочи за нивната суштинска мисија. Овој ден е воедно и прилика да им оддадеме признание за ангажманот на сите наставници и да му се заблагодариме на Здружението на професори по француски јазик, како и на француските алијанси во Битола и Тетово.

Настанот го отворија Амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Н.Е г. Кристоф Ле Риголер, г. Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура како и г-ѓа Љупка Димова, аташе за развој на францускиот јазик и директорка на часовите по француски јазик и посочија на суштинската улога што ја имаат професорите по француски за промоцијата на францускиот јазик и франкофонската култура во Северна Македонија.

Им благодариме на професорите за нивното присуство како и за нивниот секојдневен ангажман и мисија!

Ѕирнете како си поминавме на настанот


Погледнете ги нивните изработки:

1. Жив весник:

Dscf4304

Колективно дело на професорите по француски јазик и нивниот ентузијазам за предавање на јазикот на Молиер.

Дознајте што одговорија на прашањата што најмногу ги инспирира и зошто е бесценето да се биде професор по француски јазик !

2. Видео пораки