Фестивал на филмски класици | Проекција на француски класици 10/11/12.08.2021

Festivaldefilmclassque1

Фестивал на филмски класици | Проекција на француски класици 10/11/12.08.2021

Учество на Францускиот институт во Скопје на Фестивалот на филмски класици, во организација на Кинотеката на Северна Македонија, со проекција на три француски класици

Повеќе информации за фестивалот на веб страницата на Кинотеката на Северна Македонија.

_______

Вторник 10 август 2021, 20:00 ч. | Кинотека на Северна Македонија

„ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ“

на жан-Лик Годар (1960), на Жан-Лик Годар (1960), со Жана Сиберг, Жан-Клод Белмондо и Даниел Буланже  

Вторник наутро, Марсеј. Мишел Поакар краде возило на американската армија и по автопат поаѓа во правец кон Париз. Изнервиран од еден Ситроен што не сака да претекне камион, Мишел претекнува среде кривина, а полицаец на мотор веднаш почнува да го следи. Мишел, во паника, пука во полицаецот и бега. Следното утро, пристигнува во Париз и ја запознава американската студентка Патрисија, со која започнува слободна љубовна врска. Таа сака да стане новинарка, а за да ги плати студиите на Сорбона, продава Њујорк Хералд Трибјун на Елисејските полиња…

EBLVxraU0AAzmGC

Среда 11 август 2021, 20:00 ч. | Кинотека на Северна Македонија

„ПУБЕРТЕТСКИ ЛУДОРИИ“

на Франсоа Трифо (1959), со Жан-Пјер Лео, Клер Морие, Албер Реми

Антоан поминува бурен адолесцентски период. Тој ги лаже неговите незаинтересирани родители, краде, бега. Соучесник во сите безумија му е неговиот другар Рене. Еден ден, и полицијата ќе се вмеша…

Четврток 12 август 2021, 20:00 ч. | Кинотека на Северна Македонија

„ЕДЕН МАЖ И ЕДНА ЖЕНА“

на Клод Лелуш  (1966), со Жан-Луј Трентињан и Анук Еме

Една асистентка на режисер е неутешна по смртта на нејзиниот маж каскадер. Во Довил, таа ќе се запознае со автомобилски тркач, чија жена се самоубила во очај. Тие се сакаат, се одбиваат, се смируваат, одново се сакаат…